
СКАНДАЛ ВИДЕО: Пендаровски ПРИЗНА што е договорено со Бугарија
Претседателот Стево Пендаровски гостувајќи во „Клик Плус“ на ТВ21, зборуваше околу договорањето на историските личности со Бугарија и желбата на таа држава да воспостави цензура на мислата и говорот во земјава, налик на она за време на фашистичката окупација.
Тој кажа како он ја замислува процедурата за промена на учебниците по бугарска желба, но доколку нема договор и не и се допадне на Бугарија што ќе запишат македонските автори на учебници, тогаш следува веднаш вето од Бугарија.
Дополнително тоа е признаение од претседателот Пендаровски за наметната цензура врз слободата на мислата и пишаниот збор на македенските автори, нешто што освен во болшевички СССР и во нацистичка Германија, на друго место го нема со векови и векови.
„Комисијата е составена од 7 Македонци и 7 Бугари. Ако се согласат двете страни, тие упатуваат препораки до двете Влади. Двете Влади ако се согласат пуштаат до надлежно министерство до МОН ако зборуваме за учебник, тие си наоѓаат автори. Го акцентирам зборот препорака.
На крајот само авторот на учебникот носи целосна одговорност. Тие ќе ја имаа на увид. Ако Комисијата не се договори за историските личности, или ако авторот не се согласи со текстот, следува блокада, вето од Бугарија“, изјави Пендаровски.
Претседателот Пендаровски посочи еден дополнотелно скандалозен пример, во врска со говорот на омраза и како Бугарија планира да наметне цензура на говорот и мислата на цела македонска нација.
Имено, доколку само еден граѓанин каже или напише било што, кое Бугарите сметаат дека е говор на омраза, а за нас не е, ние или ќе го осудиме тој човек на суд по желба на Бугарија или ќе имаме повторно вето.
Ова е нова нацистичка / административна окупација од Бугарија врз Македонија, но под ЕУ знаменце. Вакво нешто, да и наметнеш цензура на мисла и говор на цела нација, го немало ниту за време на Хитлер и Сталин. Ова е полошо и од тоа време.
Погледнете го целото видео со изјавата на Пендаровски: