
ПРОТЕСТИТЕ СЕ ДИСЛОЦИРААТ, за да може Таљо слободно да работи
Денес во Собранието на Македонија ќе се одржи скандалозната расправа за „францускиот предлог“, со цел истиот да биде одобрен и Бугар Османи да го потпише антидржавниот Протокол со Бугарија, по што ќе нема назад за Македонија.
За таа цел, за да може Таљо слободно да работи без притсок од демонтранти, да може комотно да го шверцува францускиот предлог, протестите во Скопје се откажуваат на два дена, колку што е рокот за расправа за ваков предлог согласно процедура со „европско знаменце“.
Најавени се блокади на патишта, далеку од Собрание и од клучното случување, во траење од околу еден час како знак на протест поради францускиот предлог. На вечерашниот протест пред Собранието беше најавено дека наводно од денес ќе има промена во начинот на протестирање, но не и причината за таа „промена“.
Во периодот од 13 до 14 часот ќе бидат поставени блокади на дури 4 места низ земјата, на патни правци без посебно значење.
Остануваа двата шатори пред Владата, потоа ќе се блокираат магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш, кои никој не ги користи во тој периот од денот, но и Плетвар – Прилеп, кои и онака е блокиран за сообраќај. Останува дилемата, дали власта или Оливер Обиџуко им ги даде локациите за блокади?!?
Повикуваме на масовност да кажеме НЕ на ултиматумот за бугаризација на Македонија, НЕ за бруталноста и полициските местенки, ДА за иднината на Македонија. – гласеше повикот од еден од говорниците на протестот.
Замислете, во сабота кога треба да се гласа во Собрание, во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник, немало да има протести. Повеќе од јасно е кој дава дозвола.
Секако е најавено продолжение на масовно протестирање во Скопје, во НЕДЕЛА во 19 часот пред влада, откако ќе помине предлогот во Собрание, порачува организаторот „Ултиматум, не, благодарам!“.