
Дали ја знаевте причината зошто вечерва нема да има протести?
За денес во периодот од 13 до 14 часот најавени се блокади на сообраќајниците во Скопје пред Владата, на патот Велес-Штип, Струмица- Радовиш и Прилеп кај Плетвар.
Вечерва нема да има протест, како и во сабота нема да има протест во знак на почит на почит за Муслиманите кои честуваат важен празник.
Следниот голем протест е закажан за недела во 19 часот.
Сепак, голем број на граѓани сметаат дека ваквиот предлог кој доаѓа од опозициските партии, пред се ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив бидејќи сега е време да се покаже дека народот нема намера да прави пресметки и компромиси со ништо, затоа што е дојдено крајно време.
Со самото тоа што протестите се контролираат и структурираат, народниот револт се гаси и на тој начин се угушуваат протестите, сметаат граѓаните.
Улогата на опозициските партии во протестот е повеќе десктруктивна одошто конструктивна и граѓаните ги повикаа политичарите да излегуваат на протестите како поединци и личности, а не како партиски фигури бидејќи на тој начин се политизира целиот протест кој во суштина треба да е народен.