
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДОЦНА ВЕЧЕРВА: Бидете подготвени, еве што ќе се случува утре!
Времето утре ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, но во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Од Управата издадоа актуелно предупредување за утре попладне и навечер, кога се можни силни локални невремиња.
Во сабота нѐ очекува дожд, но и постепена стабилизација на времето, додека во недела, според метеоролозите, повторно ќе биде сончево и топло, со максимални 32 степени. Температурите ќе растат и во понеделник се очекуваат високи 34 степени и целосно стабилизирање на времето, велат од УХМР.