
СЛАВИ ЧАЛГИЈАТА тврди дека КИРО признал МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Претседателот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов денеска со нов статус го нападна бугарскиот премиер, Кирил Петков.
Петков му ветил на еврокомесарот Оливер Вархеји дека ќе го тргне ветото за Македонија за почеток на пристапни преговори со Европската унија (ЕУ), а притоа сакал да направи отстапки за македонскиот јазик.
„Денеска имаше седница на Народното собрание. Голата вистина излезе на виделина. Премиерот на Бугарија сакал да изврши национално предавство. Предство кон Бугарија и Бугарите. Сакал да го тргне ветото без Северна Македонија да ги исполни условите.
Исто така, Кирил Петков и Весела Чернева обезбедиле отстапки за правата на Бугарите во Северна Македонија и отстапки за т.н. ‘македонски јазик’“, објави Трифонов.
Тој деновиве ја напушти владината коалиција.