
ИМЕТО на МПЦ – ОА и кои се правните можности
По завршување на сите процедури пред Вселенската Патријаршија, следна на ред е фазата на издавање на Томос од страна на истата, за што се крена голема дискусија во јавноста во врска со името на кое ќе биде именувата МПЦ – ОА во тој акт.
Во отсуство на официјална реакција од МПЦ – ОА, јавноста започна со лиферување на низа шпекулации, пред се креирани од надворешни фактори, со цел да се искористи ова чувствително прашање за дестабилизација на Република Македонија и македонското општество.
Во обид истото да биде спречено, во повеќе наврати лидерот на Македонски Концепт Петар Богојески објавува појаснувања на социјалните мрежи и на други медиуми, а последно кое објави е демантирање на лажните вести во врска со името на МПЦ – ОА.
Објавата на Богојески ја пренесуваме во целост:
„Името на МПЦ – ОА?!?
Името на Црквата е Македонска православна црква – Охридска Архиепископија, согласно одлука на Светиот црковно – народен Собор на МПЦ – ОА!
Тоа е запишано во Статут на МПЦ – ОА и во Устав на Македонија и е непроменливо!!!
Името може да се менува, додава, скратува, дополнува, само и само со одлука на истиот тој Свет Собор на МПЦ – ОА и со промена на Устав на државата Македонија! Ниту Кинстантинопол, ниту Белград, ниту Москва… може за тоа да одлучуваат!!!
На кој тоа не му се допаѓа, може да биде добар измеќар на овие туѓи бели дворови, но не и припадник на МПЦ – ОА и чедо на Македонија!!!
Томос на име Охридска Архиепископија не е промена на името на МПЦ – ОА, туку темелот на Црквата, а таа ”призната” Црква ние веќе сме ја “крстиле” како МПЦ – ОА и ќе ја крстиме / прекрствуваме како ние сакаме, а не други како сакаат!
Тоа што ние ќе бидеме Црква со “два томоси” е проблем на лудилото во православниот свет, не е наш проблем! Битно ќе бидеме од сите признати и прифтени! Тоа е доволно да се знае!
Доколку некој “човек во мантија” ви каже дека црковните работи не се твоја работа, туку само на таквите како него, тогаш да му одговорите дека тоа е исто како некој политичар да каже дека државата е негова работа, а не на граѓаните!!!
Тоа што некои “луѓе во мантија” и некои политичари започнаа самоиницијативно, неовластено, незаконски, неканонски да ја преименуваат Црквата само како ОА, тоа е исто како некое министерство да започне на своја рака Македонија да ја именува како на пример Античка Македонија, а не како што пишува во Устав!
Црквата е на народот, а не на “мантијата”! МПЦ – ОА е НАЦИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ, а секој кој ќе се обиде да објаснува дека тоа било етнофилитизам, нека погледне како стои работата со СПЦ, БПЦ, ГПЦ, РПЦ…, па и ВП ако сакате, па потоа нека кажува “басни од Езоп”!
МНОГУ ВАЖНО!
Со Србите сега сме на чисто за Црквата! Признаа што требаше да признаат и крај!
Сега е важно од Константинопол да стигне “тапија” за ВОЗОБНОВЕНАТА Охридска Архиепископја, а не за некаква си нова ОА / ОА – ЦСМ / ОЦ на СМ… од 2022 година!!!
Не може во “тапијата” / томосот да пишува МПЦ и не смее!!! Во 10ти век од нашата ера немало МПЦ па да ни даваат таква тапија! Имало само ОА и ние си ја сакаме назад од Константинопол само таа Црква во Македонија, која ни беше од нив одземена!
Ниту бараме МПЦ, ниту ќе прифатиме нова ОА од 2022 година во Диптихот на Православната екумена! Нас ни треба ТЕМЕЛОТ ВО ДИПТИХОТ – старата, вистинската ОА, а ние после сами ќе си кроиме куќата и чатијата МПЦ! Тоа си е наша македонска работа!!!
Дали бев доволно јасен?!? Дали ме разбравте и граѓаните и политичарите и “луѓето во мантија”?!?
Ќе бидам благодарен ако сум успеал да бидам доволно јасен, а вие си знаете“ – стои во објавата на Богојески