СТРАТЕГИЈАТА на Радев или Вучиќ е поуспешна кон МАКЕДОНИЈА

Балкан

Српскиот претседател Александар Вучиќ во свое скорешно обраќање на јавноста посветено на релациите помеѓу Македонија и Србија изјави дека меѓудржавните релации се на највисоко ниво.

Бугарскиот претседател Румен Радев во свое скорешно обраќање на јавноста посветено на релациите помеѓу Македонија и Бугарија изјави дека меѓудржавните релации се на најниско ниво.

– Ние сме најголеми пријатели на Северна Македонија, и не бараме од нив ништо за возврат, сем да бидеме пријатели и браќа – изјави Вучиќ.

– Ние сме браќа со тие кое се нарекуваат Македонци во Северна Македонија, бараме да се откажат од нивниот македонизам, да ја прифатат нашата историја и вистина за нив, ако сакаат ЕУ – изјави Радев.

Оваа изјава на Вучиќ е коментар за неодамнешната анкета на Имиџ опсерваторијата, чии резултати покажаа дека нашите граѓани сметаат дека најголем пријател на земјава е Србија.

Оваа изјава на Радев е коментар за неодамнешната информација дека е можно тргање на ветото за Македонија преку Собранието на Бугарија.

Во документот насловен како „Опсерваторијата на влијанието и имиџот на државите” се наведува дека 39 отсто од испитаниците, ја истакнале Србија дека е прв избор на најголем пријател на нашата земјата, додека на второто место е наоѓа САД со 17 отсто позитивени одоговори на испитаниците.

Во истиот документ, испитаниците од Македонија се изјасниле дека најголем непријател на земјава и на Македонците се Бугарија и Бугарите.

Што мислите, чива политика е поуспешна за придобивање на Македонија на своја страна, онаа на Вучиќ или онаа на Радев?