
ТРАГЕДИЈА ВО РИМ: Кирчо не знае на чив гроб плаче
Покрај македонската, во Рим се појави и бугарска делегација на чествување на 24-ти мај, Денот на Св. Кирил и Методиј. Таа беше предводена од бугарскиот премиер Кирил Кирчо Петков, човекот кој го носи името на големиот светител.
Во таа свечена пригода, бугарскиот премиер Петков истресе толку зелени глупости, да се чуди човек како е можно до толку да не се знаело ништо за Светецот по кој си крстен, па и за сопствената бугарска историја, а си станал премиер на таа држава.
Кирчо изјави и остана жив:
„Длабока почит на св. Кирил Филозоф – творец на бугарското писмо. Во пресрет на 24 мај, големиот ден на бугарската духовност, да потсетиме дека наше е да ја чуваме традицијата на светите браќа Кирил и Методиј“.
Ова го истакна премиерот Кирил Петков пред гробот на Св. Кирил во базиликата Сан Клементе во Рим, јавува БТВ.
Ова е жива комедија, Кирчо не знае дека Св. Кирил или бидејќи сака да глуми дека нешто знае, се именува како Константин Филозоф, напишал, составил ГЛАГОЛИЦА, која никогаш, па ниту тогаш не била употребена во Бугарија или прифатена од Бугарите, туку напротив отфрлена во целост.
Дополнително Кирчо Бугарски нема појма дека Св. Кирил никогаш во живот не видел КИРИЛИЦА, па ниту знаел дека воопшто некогаш ќе постои. Напротив одбивал да им се попушта на Бугарите и притискал да прифатат Слово каково им се дава од Константинопол.
Дополнително Кирчо Бугарски не знае дека Кирилицата не е бугарска азбука, туку ромејска нарачка за асимилација на бугарското Дуло, направена врз основа на античката нубиска или коптска алфабета, наследник на Демотика, користена како официјална во рамки на Македонската Империја.
Премиерот Петков присуствуваше на божествена света литургија во базиликата и на аџилак на моштите на Свети Кирил, но очигледно остана слеп и ништо не научи од таа посета.
Нели е срамно поведение за еден „европски лидер“ со америчко образование, до тој степен да е неписмен или пострашно да е манипулант и да продолжува да шири живковизам по ЕУ и Балкан.