
ПОЕНТА НА ДЕНОТ за Македонците и одлуката на СПЦ
ПОЕНТА НА ДЕНОТ
Српската Црква донесе одлука во врска со „расколот со МПЦ – ОА“ каква што донесе! Јасно е дека тоа е дел од една поголема игра – процес, кој треба наскоро да донесат некоја завршница.
Да оставиме кратко време на САС на МПЦ – ОА да го постигне тоа што го зацртала! А тоа е полна автокефалност на нашата Црква!
Но што е поентата на денот?
Тоа се реакциите на нашите граѓани… и оние од лево од комуната и оние од десно од вмроината… и оние независни и бунтовни!
Ракции има и од христијани и од муслимани и од агностици и од атеисти… реакции има од македонските граѓани.
Но какви реакции има?
Прекрасни! Има прекрасни реакции!
Онакви изворни, вистински, од душата… искрени, македонски, патриотски, од никого не наведени! Од никого не повикани!
Самите граѓани го препознаваат моментот!
Самите граѓани го препознаваат процесот!
Самите граѓани ја чувствуваат опасноста!
Самите граѓани се будат и повикуваат на отпор!
Тоа е најголемата радост за Македонија!
Тоа е доказ дека Македоније е жива!
Тоа е доказ дека веќе се создава македонското јадро!
Тоа е доказ дека ќе ја биде Македонија!
Ќе ја биде и МПЦ – ОА!
Ќе не биде и нас Македонците!
Народот си ја сака својата, нашата, македонската, домашната Црква!
Народот си ја сака МПЦ – ОА во нејзината полнота!
Бог со нас и се ќе биде!
пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!