
ПУТИН ЗАБЕГА, Финска ќе ја збришел за 10 сек, од САД ќе остане пепел
Заменик претседавачот на одборот за одбрана на руската Дума, Алексеј Журављев во име на Путин и Русија и се закани на Финска.
Како што пренесува таблоидот Дејли мејл, рускиот функционер од Думата и порачал на Финска, која сака да влезе во НАТО, дека ќе ја избрише за 10 секунди.
Ако Финска сака да се приклучи на овој блок, тогаш нашата цел е апсолутно легитимна, да го доведеме во прашање постоењето на оваа држава. Ова е логично. Ако Соединетите држави ја загрозат нашата држава, тоа е добро: еве ви го Сармат(ракета Сатана-2), а од вас ќе остане нуклеарен пепел ако мислите дека Русија не треба да постои – рекол Журављев.
А Финска вели дека е едно со САД. Па застанете во ред. Финците воопшто треба да бидат благодарни на Русија на државноста, на фактот дека Финска постои како држава – рекол тој и додал дека Русија на финската граница нема да има стратешко оружје, туку Кинжали, кои до Финска ќе стигнат за 20 или 10 секунди.
Војната во Украина почна, меѓу останатото и затоа што Кремљ сака да го спречи ширењето на НАТО на Исток. Финска со години е неутрална, но после инвазијата врз Украина реши дека сака да се придружи на Алијансата.