
ТЕЖОК ПОРАЗ за Русија во СБ на ООН, гласаше сама против себе
Советот за безбедност на Обединетите нации, после неколку месечната блокада од Русија, едногласно го усвои своето прво соопштение од почетокот на руската воена акција на 24 февруари, изразувајќи „силна поддршка“ за напорите на генералниот секретар Антонио Гутереш да се најде мирно решение за „спорот“ во Украина.
Во соопштението усвоено на краткиот состанок вчера, после принуда на Русија да гласа ЗА, не се споменуваат зборовите „војна“, „конфликт“ или „инвазија“, како што многу членки на СБ ја нарекуваат тековната воена окупација на Русија врз Украина или „специјална воена операција“, како што ја нарекува Москва.
Во изјавата се „изразува длабока загриженост за одржувањето на мирот и безбедноста во Украина“ и „се потсетува дека сите земји-членки, според Повелбата на Обединетите нации, се обврзани да ги решаваат своите меѓународни спорови со мирни средства“.
Тоа Русија го гласаше со тешко срце, односно беше принудена да признае дека го прекршила меѓународното право и Повелбата на ООН и наместо со дијалог таа одлучила со воена агресија врз соседот да ги решава споровите.
Русија, која има право на вето во Советот за безбедност на ОН, ги блокираше претходните обиди за усвојување соопштение за Украина. После неуспшениот обид за окупација врз Украина, таа го свитка опавчето и во ООН.