
ДРАМАТИЧНА ОБЈАВА на Богојески за системски геноцид врз Македонците
Лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески утрово на социјалната мрежа Фејзбук објави драматичен пост во кој јавноста ја информира за организиран системски геноцид врз Македонците во Македонија.
Објавата ја пренесуваме во целост:
„ЦРНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА
Над нас Македонците надвиснале црни облаци… доаѓаат црни денови… нешто кое мора да биде СПРЕЧЕНО!
Административниот геноцид врз нас Македонците спроведен преку Попис ’21, ќе се преточи во физички геноцид следниве 5 години!
Македонците никогаш не сме живееле толку тешко, во сиромаштија, беда и незнаење, понижени и посрамотени во услови на сопствена држава!
Следните 5 години физички ќе исчезниме помеѓу 250.000 до 300.000 Македонци од Македонија, поради нивото на квалитет на животот кој го живееме!
Премногу лош квалитет на исхрана, огромно заболување и катастрофално здравство кое убива, а не лекува… недостаток на ефикасни лекови, мизерни услови за живот, влага и хигиена… токсична козметика и облека, неквалитетна вода за пиење, користење на лош алкохол и тутун… загаден воздух и животна средина…
Сето ова и многу други причини, административниот ќе го преточат во физички геноцид врз Македонците во Македонија!
Ако на ова се додаде и огромното иселување на населението, пред се на млади, здрави, образовани и репрезентативни единки, бројката ќе порасне до мин. 400.000 “исчезнати” Македонци од Македонија.
Ова е системски спроведувано!!! Постои воспоставен систем / стратегија за физичка ликвидација на дел од популацијата во земјава! Ова не смее да се лечи, ова мора да се СПРЕЧИ! СИСТЕМСКИ ДА СЕ СПРЕЧИ!!!
Оставен е народот сам на себе… во длабоко незнаење, беспомошност, безидејност, обесправеност, беда, неорганизиран да се самоодбрани!
МИЗЕРНО е да си саможивник и да кажеш “мене ми е добро, не ме интересира за другите”!!! Поголема мизерија од тоа нема! ЧЕСТ е да ја споделиш МАКАТА со својот народ, да соживееш и сочувствуваш!
На народот му треба ОРГАНИЗАЦИЈА! На народот му треба НОВ СИСТЕМ! Потребна е ПАРТИЈА НА НАРОДОТ!
Партија на народот, за да дојдат БЕЛИ ДЕНОВИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА!!!
Мое беше да ви кажам, а вие си знаете!“ – напиша Богојески.