БОЖЈО ЧУДО: Османи имал провидение, еве што открил

Македонија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи добил провидение и конечно дознал за руското влијание на Балканот. Тоа провидение е космичка правда за нашиот министер, кој конечно дозна кај живее.

Неговото просветлување, министерот го елаборирал во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде потврдил дека во регионот има руско влијание. Според него, има и прокси играчи кои се обидуваат тоа да го искористат.

„Регионот е ранлив, има отворени прашања и има руско влијание овде. Има прокси играчи кои се обидуваат тоа да го искористат. Важно е сите влади да бидеме координирани овде на една иста линија за да ја намалиме таа фрагилност на регионот“, вели Османи.

После ваквото провидение на Османи, можеме да очекуваме дека Владата конечно ќе ги разоткрие руските агенти во своите редови и ќе започне вистински да делува во насока на европеизација на земјава.