
СУЛТАН РЕЏЕПИ донесе ферман за правдата на генсекот Мухи
Поранешниот верски лидер на исламската верска заедница, Сулејман Реџепи реагираше на случајот со Мухамед Зекири, генералниот секретар на Владата во притвор, против кого Јавното обвинителство покрена истрага за злоупотреба на службената положба и овластување.
Султан Реџепи во реакцијата избра повторно да објави соопштение на ИВЗ од 2019 година, во кое имаше многу критики за Зекири. Во султанскиот ферман, Реџепи го обвинува Зекир дека бил сервилен на антиалбанските и антиисламските кругови и дека единствена цел му била да го отстрани Реџепи од ИВЗ, за што му наместил млада девојка.
Реакцијата на највисоката верска институција Исламската заедница на Македонија во времето кога јас бев нејзин претседател, во времето кога единството беше основа на нејзиното функционирање. Реагиравме на лице кое беше целосно сервилно на антиисламските и антиалбанските кругови, чија цел беше да ме отстрани од таа институција, да ги подели муслиманите и да ја ослабне вредноста и авторитетот на единствената исламска верска институција во оваа земја.
Несомнено времето ќе ги понижи злосторниците на овој народ и ќе ги воздигне оние кои имаа за цел да го одржат единството, автономијата и авторитетот на ИВЗ. Султанот со ова пред време го осуди генсекот Мухи, без да сочека тоа да го направи државата.