УРНЕБЕСНИ СЛИКИ: АНТИЧЕСКИТЕ Б’лгари на Радев, биле малку и Албанци!

Балкан, Македонија

Тежок е животниот пат на луѓето без национална свет, кои трагајќи по внимание, често губат достоинство. Тие изгубени чеда на Македонија, денес промовираат бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, во присуство на бугарскиот државен врв, кој е силно загрижен за правата на бугарите по професија во Македонија.

Бугарскиот премиер Кирил (Кирчо) Петков во битка да стане бугарски квази патриот, денес во Македонија начисто ќе се покака. Ќе ја покакаат и последната шанса за рехабилитација на историскиот лидер на ВМРО, Иван (Ванчо) Михајлов, ликот кој имаше шанса во македонскиот историски наратив да добие одредена почест.

После денешната негова „кондом употреба“ за една прилика во путиновите бугарски политики кон Македонија, тој останува трајно на буништето на историјата. Човекот кој животот го посвети против болшевизмот, стана жртва и симбол на болшевичките структури во Македонија. Ванчо се превртува во гробот.

Сето тоа е дело недело на антическите Бугари на Радев, кои поминале низ неколку фази во животот, пред да се осознаат и да станат Бугари по професија за една употреба во Македонија.

Нивното осознавање започнува со примање на „антическата вера“ во Македонија, а гуру им е големиот Антоњо Милошевски. Човекот кој обратно, од Бугарин се преобрази во антически Македонец. Судбината си поигра со неговите ученици.

Нивниот пат започнува со обидот за антиквизација на историскиот лидер на ВМРО, Тодор Александров, кој особено бил чувствителен на злоупотреби на Организацијата од малодушници.

После скевравењето на неговиот гроб и место на убиство, антическите Македонци започнуваат со животниот пат кон осознавање на античноста во нив. Музичарот Канго веќе ги зема под своја надлежност и ги воскреснува во името на Александар Македонци, нашиот бог спасител.

На тој начин покрај Тодор Александров и овие чеда на Македонија со слаба национална свест стануваат антически херои. Античноста до тој степен ги дрма, што масовно се ставаат тетоважи со ликот на Ацо Големиот и други антички херои и симболи.

Масовно се одбележува ликот и делото на античкиот херој, а Бугарите на Радев го чествуваат и неговиот роденден, како празник за сите Македонци, каде и да се, вклучително и во Пиринска Македонија.

Секако неизбежни се и гробовите и ѕверовите со антички знамиња, во чест на ВМРО и епопејата за ослободување на античка Македонија и воскресение на духот на Александар Големиот.

После срамните настани на 27ми април и државниот удар во Македонија, античките Бугари на Радев паѓаат во искушение и во обид да се искупат за гревовите преминуваат на другата страна од приказната, напуштајќи ја големината на антическа пансловенска путинова Македонија, преминуваат во екипата на Албанците и нивните ставови за иднината на Македонија.

Која транформација на овие изгубени чеда на Македонија, од антически словено путинови Македонци до горди Албанци, со надеж за Бугари по професија. Кампањата на ДУИ за мнозинство православни Албанци, особено во родниот им Манастири (Битола) очигледно дала резултати, па овие чеда се осознале и за такви. Се што треба, само да има „плаштање“. Но бидејќи ДУИ слабо „плашта“ на такви ликови, албанската фаза кратко им трае, па влегуваат во водите на бугарштината.

Така замислете за два три месеци, во еден момент не спиеш и се будиш како Б’лгарин прва класа. Професија на ниво, а и заработката треба да е добре! Нема полесно од тоа да си продаваш честа за пари, а да менуваш идентитет по потреба и нарачка од „плаштачите“. Кој плати, таму сме!

Така президентот Радев ги откри Б’лгарите по професија во Македонија, малтретирани од „југославските власти“ за кои бара место во Уставот и за кои стави вето за проширување на ЕУ на Балканот.

Тоа значи дека овие антическо албаски Б’лгари и ставија вето на ЕУ! Кој не е луд, ќе разбере на кое „дереџе“ се најдува денес Бугарија и нејзините „велики политици“.

Знае ли Кирчо Б’лгарски кој пат го фати и на каде „киниса“? Веројатно ќе дознае, ама касно ќе е!

А македонско – бугарските односи не го допреа дното, тие се одамна длабоко под морето, слично како оној супер бродот „Москва“ на менторот им Путкин.

One thought on “УРНЕБЕСНИ СЛИКИ: АНТИЧЕСКИТЕ Б’лгари на Радев, биле малку и Албанци!

Comments are closed.