
ПОЖАР го подготвува Скопје за нова населба
Попладнево во центар на Скопје избувна пожар. Според првичните информации густ чад се шири од непосредната близина на фабриката Треска. Горат објектите на таа фабрика, изјавуваат очевидците.
На лице место интервенираат противпожарни тимови на скопската бригада, но и хеликоптерите на АРМ. Станува збор за сериозен пожар, во кој нема повредени, но тоа е така запалено, за да успее целосно да изгори старата скопска фабрика.
Пожарот се забележува од сите страни на Скопје, граѓани испраќаат фотографии и објавуваат видеа од различни локации на главниот град.
Се слуша пукање на суви материјали кои горат. Околу локацијата, е зачадено во висина на улиците и тротоарите по кои се движат возила и пешаци.
Полициско возило успеа да се пробие до местото на пожарот за обезбедување на локацијата. На улицата Рузвелтова не беше сопрен сообраќајот иако пожарот е на десетина метри од оваа сообраќајница. Има голема гужва на улицата но и на околните булевари.
Просторот после овој пожар конечно е ослободен, споровите за донесување на ДУП за нова населба исчезнуваат, па Скопје добива нова населба „Треска“ во центар на град. Операцијата на градежната мафија е успешна, пациентот град Скопје е мртов.