
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ: Нови 25.000 ПВО системи од САД за Украина
Украина доби околу 25.000 системи за противвоздушно вооружување од САД и нивните сојузници, што му помогна на Киев да не дозволи Русија да доминира во воздухот, изјави денеска началникот на Здружениот Генералштаб на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили.
Тој додаде дека САД и сојузниците на НАТО и испорачале на Украина 60.000 противтенковски системи.
„Украинците се исклучително благодарни за тоа“, нагласи Мили во обраќањето пред Комитетот за вооружени сили на американскиот Сенат.
Руските авиони и хеликоптери немаат никаква можност за слободно прелетување над небото на Украина и за извршување на воени мисии, токму поради американските системи.