
ДОБРО УТРО СО АМАТЕРКАТА И КРАЈОТ НА НЕКАДАРНИТЕ
ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА НЕКАДАРНАТА ВЛАСТ
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
Мартин Нешкоски беше момчето брутално претепано до смрт на плоштадот „Македонија“ во Скопје на 6 јуни 2011 година.
Денис Тот е момчето кое беше брутално пртепано до смрт на ден 07.04.2022 година, пред ноќен клуб лоциран во Градскиот парк.
И на двете млади невини момчиња, нечии синови им згасна прерано животот на идентичен начин. Соопштенијата од надлежните институции и тогаш и сега идентични. За МВР природна смрт, судска медицина со извештаи во кои е констатирана насилна смрт. И тогаш и сега информациите од новинарите и порталите се разликуваа од официјалните информации, а разликата е во тоа што овојпат видео надзор не овозможи долго прикривање на настанот.
Овој немил настан е уште еден доказ дека не постои разлика во начинот на владеење на претходните и сегашниве.
Крадат на ист начин, дури и по транспарентно од претходните. Лажат брутално без трошка срам. Прикриваат убиство на ист начин.
Инстутуциите ги „преплавија“ со некадарни „паразити“ и го „парализираа“ системот. Спроведуваат дисциплински постапки за неистомисленици на принцип „рекла-казала“ и решаваат човечки судбини на кафе муабет без око да им трепне. Така „опиени“ од моќта која ја имаат, демек тие се сега власт немаат капацитет да размислат на последиците од ваквото поведение.
Апсурдно е да се бара морална одговорност од личности со вакво поведение. Моралната одговорност е својствена за етички став кон животот со свест за дисциплина.
Најмалку што треба е да очекуваме изразување на морал од некој на кого не му е грижа за моралните судови, оној кој не почитува правила, не поседува вредности, несоодветно се однесува, нема совест и карактер и незнае кои му се должностите.