СРАМНА КАТАСТРОФА: РУСИЈА продава 121.000 киднапирани деца од Украина

Европа

Руската Федерација прави законски измени за да може да „посвојуваат“ украински деца, киднапирани од окупираните територии по упростена и кратка процедура. Тоа го објави украинскиот омбудсман по човекови права Људмила Денисова на Фејсбук.

Според Украина, силите на московскиот диктатор киднапирале над 121 000 украински деца од почетокот на војната. Повеќето од нивните родители се убиени. Колку од нив се веќе во Русија и во процедури за продажба / посвојување, Украинците не знаат.

“Сега Русите, кои стрелаат со ракети и тенкови по домовите на украинските граѓани, ги убиваат родителите и ги одвлекуваат нашите деца во окупираните територии во источна и јужна Украина”, напиша Денисова.

Советничката на Зеленски по правата на децата Дарија Герасимчук објави:

“Такво „посвојување“ е нарушување на детските права, и по-точно ги нарушуват правилата на Конвенцијата за правата на децата на ООН.”

Први случаи на депортација на украинските деца кон Русија беа објавени при крајот на март, кога 4000 – 4500 граѓани на Мариупол беа насилно депортирани во рускиот град Таганрог, без пасоши и без право да се вратат во татковината.