
СУДСКА МЕДИЦИНА открила од што починал Тот – УБИСТВО!
Завршила обдукцијата на телото на младиот ракометар на РК Бутел, Денис Тот, дознава Сител.
Директорот на Судска медицина, д-р Александар Станков вели дека наодите ќе бидат предадени на Јавното обвинителство.

-Можам да ви кажам дека обдукцијата е во тек. Сите информации од обдукцијата ќе му бидат пренесени на надлежниот Обвинител, вели Станков за Сител.
Братот на Денис, Борис Тот преку социјалните мрежи вчера вечер напиша дека причината за смртта на 27-годишниот ракометар е срцев удар.
-Денис почина од срцев удар, а не од какви било телесни повреди, тепачка или останати глупости кои беа пишувани во текот на целиот ден, вели Борис.
Сепак според последните информации обдукцијата покажала дека удар во главата, односно повреда на мозокот е причина за смртта на Тот.
„Фокус“ доби потврда за ова од Скопското обвинителство, кои е подготвено да отвори истрага. Засега инволвирани се три лица, од кои две се веќе приведени (машко и женско), а третиот е во бегство.
За случајот се обезбедени и видео снимки, од кои се гледа дека, сега починатиот и останатите учесници во тепачката биле во исто друштво во ноќен клуб.