РУСКАТА ШЕЌЕРИНСКА ја нападна македонската кафекуварка!

Европа

Русија ќе одговори на протерувањето на дипломатите од Македонија, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Захарова вели дека овој изразито непријателски чекор е продолжување на курсот што го презедоа властите во Македонија пред неколку недели, кој има за цел брзо прекинување на дипломатските односи со Русија.

„Со приклучувањето кон русофобната хистерија иницирана од Западот, Скопје ја потврди подготвеноста без размислување да го жртвува суверенитетот и да носи одлуки што се спротивни на расположението на општеството и спротивни на основните национални интереси“, се вели во соопштението на портпаролката на МНР.

„Ќе мораме да преземеме соодветни мерки, ќе ги протераме дипломатите од Македонија“, додаде таа.  Во македонската амбасада во Москва остана уште кафекуварката. Нејасно е дали руската Шеќеринска неа ќе ја протерува.