
ВОНРЕДНИ ВЕСТИ (видео): ПсихоПутин ја ракетира ОДЕСА, градот на македонската преродба
Во последните неколку часа серија проектили беа истрелани кон украинскиот пристанишен град Одеса. Тоа е најубавиот од сите градови на брегот на Црното Море, местото каде се создаваат услови за македонската преродба и развој на засебната македонска национална свест.
Ројтерс објави серија експлозии во градот, а очевидци велат дека виделе голем чад во областа. Ракети и проектили паѓаат врз многу цивилни и културно историски места во Одеса.
Одеса е под жесток артилериски и ракетен напад, известуваат светските и укранските медиуми.
Изабел Хуршудјан, дописник на Вашингтон пост, е со седиште во Одеса. Таа се огласи на Твитер и изјави дека во центарот на градот се слушнала силна експлозија.
– Прозорците од мојата хотелска соба само се тресеа. Не е јасно што беше тоа – напиша Кушудиан.