ЗЕЛЕНСКИ или ПУТИН, лидер или тиранин

Европа

Има разлика помеѓу лидер и тиранин. Лидерот води, тиранинот малтретира следбеници. Лидерот е почитуван и сакан од својата нација и армија, тиранинот ја заплашува својата нација и војниците ги испраќа во смрт.

Пример за лидер е претседателот на Украина, Владимир Зеленски, а совршен пример за тиранин е претседателот на Русија, Владимир Путин. Додека едниот е на терен, на фронт, на боиште во униформа со своите војници, другиот ги гледа од високо во луксузен авион или мирно спие во луксузна вила, додека руските војници умираа на секој чекор, без храна и вооружување.

Тираните секогаш завршуваат на истиот начин. Сликата подоле тоа го илустрира. Додека пак лидерите остануваа запомнети од својот народ низ вековите.

Можеби затоа Путин е опседнат со снимката од убиството на Гадафи и постојано ја гледал со месеци, секој ден во неговата луксузна вила. Веројатно очекува сличен крај за себе.