
БРИТАНСКИОТ НАЧАЛНИК: Путин е капут! Што е следно?
Шефот на британската армија вели дека рускиот претседател Владимир Путин „веќе ја изгубил“ војната во Украина и дека е послаб отколку што бил пред инвазијата.
Началникот на Генералштабот на британската одбрана, адмирал Тони Радакин, денеска на семинар на истражувачки центри во Лондон изјави дека целта на Москва „да ја окупира цела Украина“ пропаднала. Но, тој додаде дека следната недела „ќе продолжи да биде многу тешка“ за Украина.
„Сепак на многу начини Путин веќе изгуби“, рече тој.
„Далеку од тоа дека е далекусежен манипулатор на она во што би сакале да веруваме. Путин си наштети себеси со низа катастрофално погрешни проценки“.
Радакин додал дека има „анксиозност“ на сите нивоа на руската армија во врска со инвазијата во Украина, од војници на кои не им било кажано дека ќе ја нападнат Украина, до највисоките команданти.
Западните официјални лица велат дека „внатрешниот круг“ на соработници на Путин не даваат вистинска слика за војната и дека неговата изолација можеби придонела за погрешно проценување на силата на отпорот на кој наишле руските трупи.