
ВЕСТИ ЗА РАНОБУДНИ: Што може да направи губењето на еден час сон!?
Пролетта дојде минатиот викенд, а наскоро ќе започне и летното сметање на времето.
Ноќта меѓу сабота и недела на 27. март во 2. часот по полноќ започнува летното сметање на времето. Стрелките ќе ги поместиме еден час нанапред, односно од 02:00 на 03:00 часот.
Поместувањето на времето за само еден час не звучи многу, но оваа ненадејна промена на времето може да предизвика одредени потешкотии во нашето функционирање.
Прескокнувањето еден час однапред секоја година е дизајнирано како начин да се оптимизира дневната светлина, што треба да доведе до заштеда на енергија.
Истражувањата сè повеќе покажуваат дека годишната промена на времето всушност може да има ненамерни штетни последици по здравјето.
Дали губењето на еден час сон навистина може да направи толку многу штета?
Истражувањето вели дека скратувањето на спиењето за еден час во текот на ноќта можеби не звучи толку лошо на прв поглед, но изгубениот час може да има значителни ефекти, особено кај оние кои спијат помалку од препорачаните седум до девет часа.
Постепено менувањето на распоредот за спиење во текот на неделата пред поместување на часовникот може да ни помогне. Препорачливо е да се обидете да легнете 15. до 20. минути порано. На овој начин почнувате да се прилагодувате на летното сметање на времето пред да започне.