
ДОБРО УТРО од АМАТЕРКАТА и Димче паричето
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО, А ДИМЧЕ СЕРГЕЈ
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
Озарени, радосни и среќни Димче и другарот оствариле средба со рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин.
Димче се оградил од последните, според него контроверзни дејствија на македонската дипломатија и потсетил дека овие нецивилизирани за него, антируски чекори воопшто не ја изразувале волјата на мнозинството македонски граѓани!
Толку многу се уфилмал Димче, па сакал да му каже на Сергеј да не се грижи, демек тој е претставникот на мнозинството, а „мнозинството“ е со Путин.
Разговарале за актуелните домашни и меѓународни теми, со посебен осврт на специјалната „воена операција“ во Украина и последиците од неа по меѓународниот поредок.
Димче особено покажал загриженост за радикалните неонацистички политички движења, кои биле опасност за секоја современа демократија!
Сега на Сергеј му е многу полесно, бидејќи Димче ги осудил и непотребните санкции кои Македонија ги воведе спрема Руската Федерација. Димче пратил и поздрав до Путин, свечена монета со ликот на Гоце Делчев. Ова за загрозувањево на демократијава не го трогнало многу, ама сепак подобро се чувствувал откако ја добил поддршката и поклончето од Димета.
Не издржал долго, возбудата била прејака и веднаш штом заминале гостиве му се јавил на Путин и му кажал: „Шефе Македонија да не ја мислиш, Димче е со нас, ама парево што ми го поклони не е со твојот лик, ако?“
Браво на Димче за гестот. Жив среќен се испофали по медиуми, а што е право и Сергеј е порастеретен после средбата со него. Многу му била значајна, чунки прв и последен е што побарал средба со руски дипломат во време кога неговата држава е светски непријател.