
ДОБРО УТРО СО АМАТЕРКАТА И МАКЕДОНСКА ДЕМЕНЦИЈА
МАКЕДОНСКА ДЕМЕНЦИЈА
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
Ах бре македонЧе…
Од деменцијата ќе да е…. да се сеќаваш само на крајот но не и на почетокот…
Се сеќаваш на 14 март 2001 година, денот кога ОНА ја започна својата прва голема офанзива, опколувајќи го Тетово?! Се сеќаваш на стравот и неизвесноста која те демнеше !?
Се сеќаваш на плачот и лелекот на мајките во црнина и децата сирачиња?!
Се сеќаваш ли на грозоморните убиства и масакри на цивили!?
Можеби ти текнува на десетте воени резервисти, кои беа убиени во заседа во месноста Карпалак, на автопатот меѓу Скопје и Тетово!? Или и тоа не…
А, дали се сеќаваш на тешките вооружени борби североисточно од Скопје, во близина на Куманово каде неколку илјади добро вооружени борци на ОНА, се утврдија во голем број села во тамошната ридско-планинска област?! Јок…
Сигурно се сеќаваш кога ОНА ја презеде контролата над селото Арачиново, оддалечено само неколку километри од Скопје. Присетисе дека ситуацијата беше тензична и им создаде големи проблеми на властите, бидејќи ОНА се закани дека од своите позиции во селото, ќе го нападне главниот град!?
И можеби ќе се сетиш дека беше извршен уште еден масакр кога скопското подрачје го потресоа две експлозии на мина, во кои загинаа осум војници во скопското село Љуботен, инцидент кој предизвика пролонгирање на конфликтот!?
Не ти текнува ниту на убиствата кои се случија за време на преговорите за постигнување мировен договор!?
Ах бре македонЧе… дали знаеш дека додека ТИ умираше секојдневно, некој ТИ помагаше да ја зачуваш државноста и сочувствуваше со тебе, ама тоа не беше Русија?! Знаеш!? Ами, Украина беше таа што и помагна на Македонија, снабдувајќи ја со оружје и авиони!
Ах бре македонЧе…. Не, очигледно на ништо не се сеќаваш! ТИ имаш деменција! Ако се сеќаваше немаше да го „бодриш“ агресорот Путин! Ни за момент да не се ставиш во ситуација на жртвата, чија судбина си ја имал и ТИ!
СРАМ голем е за тебе да „навиваш“ и да се воодушевуваш на воената агресија врз невини луѓе!
Низ се што си поминал неблагодарно е и глупаво да му овозможиш медиумски простор на амбасадор на држава агресор да ТИ креира јавно мислење, наместо дипломатски да го изолираш!
Низ се што си поминал лудост е да го седнеш во пратеничко столче некојси умислен „Фидел Кастро“ Димче, па и да му се воодушевуваш на говор полн со омраза и поданичен став кој води кон уназадување на цивилизацијата!
Лудост е да хејташ се‘ што нуди просперитет и нормалност, а да се однесуваш поданички !
Ах бре македонЧе…. Низ се што си поминал не покажуваш ниту човечност ниту емапатија !
Инаку, добро знаеш дека Охридскиот договор предвидуваше распуштање на ОНА, од која подоцна произлезе Демократската унија за интеграција (ДУИ), која прерасна во најголема албанска партија во земјата и која е дел од владејачката коалиција.
Со мировниот договор, не дојде до федерализација на државата, која го задржа унитарниот карактер, но дојде до измени на уставот, со што се воведе позитивна дискриминација на албанското население во јавниот сектор, во армијата и во полицијата. Дозволена беше и поширока официјална употреба на албанското знаме и јазик.
Ах бре македонЧе само ТИ сеуше не знаеш…Кој си? Што си? За што си? А толку е едноставно!
ТИ треба да бидеш МАКЕДОНЕЦ, срам голем е за тебе да бидеш МакедонЧе!
ТИ треба да бидеш ГОРД МАКЕДОНЕЦ , срам голем е за тебе да се однесуваш поданички!
ТИ треба да бидеш ЗА ЕВРОПСКА МОДЕРНА МАКЕДОНИЈА, срам голем е за тебе да живееш за туѓи интереси!