
(Видеа) НОЌНО ХЕРОЈСТВО Киев со што се бранат Украинците, а со што нападнаа Русите
Ноќната битка за Киев покажа што значи народ да си брани свој дом, свое семејство, своја Татковина, а што значи една туѓа окупаторска војска да војува под присила и да не знае зошто напаѓа.
На првото видео ќе забележите напад на руската окупаторска армија врз Киев со ракетни лансери, артилериски напад со последици врз цивили, објекти, рушење на се пред таа офанзива. Срам за 21ви век, да го уништиш еден од најубавите градови во светот со ракетна артилерија.
На второто видео е подготовката на граѓаните на Киев за одбрана на својот град, своите семејства, својата слобода. Тие на руската окупаторска артилерија се спротивставија со молотови коктели.
Ноќеска повторно победи народот, наспроти окупаторската армија, молотовите коктели наспроти ракетите. Слава на вас хероите на Украина.