НОСТРАДАМУС: После короната ќе има Трета светска војна, Путин е третиот антихрист

РЕЛИГИЈА

Мишел Нострадамус е најпознатиот пророк во западниот свет кој го предвиде почетокот и крајот на Првата светска војна, доаѓањето на власт на Хитлер и точниот датум и место на Втората светска војна, како и појава на авиони, подморници, тенкови и почеток на вселенското доба и уште многу нешта. Со оглед дека сме во 2022 година, време е да ги погледнеме интерпретациите на стиховите на Нострадамус за оваа година.

Треба да се чуваме од „пријатели“

Нострадамус верувал дека новата ера ќе започне во 2022 година, а тоа е, на некој начин, свет момент, во исто време поволен и опасен за историјата на човештвото, што ќе донесе и катастрофи и откритија. Критичната 2022 година не мора да значи крај, туку фундаментална трансформација на светот во кој живееме, повторното раѓање на човештвото на ново духовно ниво.

Избувнување на третата светска војна

Повеќето од шифрираните пораки на Нострадамус за доаѓачкиот период се чини дека предвидуваат смрт и уништување. Според него, ќе избие 27 години уништувачка војна меѓу две големи светски суперсили после подемот на третиот антихрист. Вака звучи пророштвото: „Во градот Божји ќе има голем гром. Двајца браќа го раскинуваат Хаосот додека тврдината издржува. Големиот лидер ќе подлегне. Третата голема војна ќе започне кога ќе изгори големиот град “.

Атентат за Путин и болест за Бајден?

Нострадамус предвидел многу насилна година и за рускиот и за американскиот претседател. Путин ќе го преживее атентатот, но не и некој близок со Бајден. Рускиот претседател Владимир Путин ќе доживее обид за атентат од неговиот безбедносен тим. Ако се исполни пророштвото, Путин ќе биде предаден од некој кој е многу близок до него. Што се однесува до Бајден, пророкот предвидел дека ќе страда од мистериозна болест и дека член на семејството на американскиот претседател ќе биде жртва на сообраќајна несреќа.

Голема финансиска криза

Според предвидувањата на Нострадамус за 2022 година, ние сме на работ на скорешен хаос во трговијата. Додека некои аналитичари инсистираат на тоа дека не сме сведоци на друг „меур“ што ќе пукне наскоро (како во 2008 година), други експерти веруваат дека економскиот хаос е „зад аголот“. Дали ги предвидел санкциите кон Русија и хаосот после нив?

Англија ќе добие крал

Смртта на кралицата ќе биде еден од највознемирувачките настани во Велика Британија во последните 70 години. Од нејзиното крунисување во 1952. година, кралицата Елизабета Втора живеела доволно долго за да се запознае со 13. премиери на Велика Британија и 13. претседатели на Соединетите држави. Таа сега има 95 години, а многу толкувачи на катрените на Нострадамус сметаат дека нејзиното владеење ќе заврши во 2022 година. Таа во моментов е сериозно болна од корона, но и други болести.

Нов папа

Се верува дека Нострадамус зборувал за папата Фрањо во катрените 2.97 и 5.31, и дека тој ја предвидел неговата смрт за 2022 година. Наследникот на папата Фрањо ќе биде „млад човек“, кој ќе „достигне висока позиција“ во 2022 година. Толкувачите на катрените тврдат дека новиот папа ќе создаде скандал во Католичката црква веднаш штом ќе дојде на тронот, а кој ќе „тлее“ до 2029 година.

Природата против луѓето

Годината ќе биде полна со природни непогоди, но и со научни достигнувања. Ќе има поплави во многу европски земји (Италија, Чешка, Велика Британија). На Блискиот исток, исламскиот екстремизам дополнително ќе се зајакне. Дали го предвидел моменталното спојување на Хамас и Хезболах што се случи овие денови?

Голем земјотрес ќе ја погоди областа помеѓу Калифорнија, САД и Ванкувер во Канада. Европејците и Американците ќе се соочат со проблемот со мигрантите и ќе има се’ повеќе терористички напади.