ДАЛИ ЗНАЕТЕ кога и каде, прв пат фудбал во Македонија?

Дали Знаете

ДАЛИ ЗНАЕТЕ?

Пишува Гордана Јанакиевска

ДАЛИ ЗНАЕТЕ… Фудбал во Македонија се игра 113 години и за првпат се заиграл во селото Велмевци, Демир Хисар.

Првата фудбалска топка е донесена во Велмевци во 1909 година од Стојан Велмешанов кој работел како пекарски работник во Виена, Австро-Унгарија.

Денес, на селската чешма стои топка во чест на првата фудбалска топка дојдена во Македонија. Велмевци се наоѓа на падините на Илинска Планина, речиси на половина пат помеѓу Кичево и Демир Хисар.

Од над 600 жители во 1940-тите години, денес во селото се останати уште неколку постари лица.