
САД во офанзива, огромна американска војска во Источна Европа
Соединетите Американски Држави формираа значителен контингент сили во Европа, кој брои повеќе од 60.000 војници, 200 тенкови, околу 150 борбени авиони, се со цел да ја зајакнат одбраната на земјите членки на НАТО од заканите на Русија.
„Нивната главна цел во Европа е да создаваат постојана закана за нашата земја. Затоа во регионот е формиран значаен контингент американски сили“, започна да плаче Русија преку изјави на Михаил Попов во интервју за „Руски весник“.
Тој посочи дека во последните седум години бројот и борбените капацитети на американските сили значително се зголемени.
Копнените сили се зголемени за 30 отсто, а бројот на оклопни возила е четири пати поголем.
А што очекуваше Русија како одговор на нејзините закани по мируљубивите народи, како украинскиот, полскиот, чешкиот, естонскиот и други.
Интензитетот на летовите на американските стратешки бомбардери во близина на руските граници минатата година е зголемен за 40 отсто, плачеше Попов.
Тој додаде дека антируската хистерија не е само насочена кон ограничување на економскиот развој на Русија, туку до израз дојде и стремежот на Вашингтон да им наметне производи од воено-индустрискиот и нафто-гасниот сектор на западните партнери.
Ова покажува дека Русија станува свесна за загубената битка од напред. Тие ги изгубија пазарите за своите природни ресурси, но и воена опрема, а нивното место на пазарот го зазедоа САД.