
ЖАЛНО: На ТАЧЕ „му се иска, ама не му стиска“
Премиерот Ковачевски бил за брзо решение со Бугарија, но не бил за избрзано решение. Како онаа народната, сакам да се љубам, не сакам да пробам! Бугарите за него зборуваат, на Таче му се иска, ама не му стиска.
„За брзо решение сум, затоа што сметам дека ние треба што побрзо да ги отпочнеме преговорите, меѓутоа не сум за избразано решение кое нема да се заснова на една одржлива основа која што ќе биде добра основа за иднината и за патот кон ЕУ и за градење добрососедски односи, рече премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за Алсат М телевизија.
Дали премиерот слушнал за онаа „пишман аџија“? Или си за или не си, не може и двете. После се што се случи, или ќе каже отворено што е договорено или ќе каже дека ништо не е договорено.
„Има прашања за кои се разговара, а има и прашања за кои не се разговара“ изјави премиерот, а вие граѓаните пробајте да го разберете.