
СДСМ ја уништи Македонија, ова се најновите економски показатели
Македонија е во слободен пад во секоја смисла на зборот. Покрај политички, внатрешно и надворешно, СДСМ ја опустоши Македонија и економски. Последните анализи на јавните финансии, публикувани од страна на Министерството за финансии, покажуваат фрапантни податоци.
Јавниот долг надминал фантастични 60% од Бруто домашен производ или над 7 милијарди и 135 милиони евра, што е историски највисоко задолжување до сега. Само државниот долг надминал 50% или над 6 милијарди евра. Овие пари кои се предмет на корупција ќе ги враќаат и нашите правнуци.
Јавните претпријатија во државна сопственост генерирале долг од над 1 милијарда евра, а задолжувањето од домашни извори го надминало и задолжувањето од кредити од странски финансиски институции. Задолжувањето вртоглаво расте во последните две години 2020 – 2021 година, кога СДСМ ветуваше екононски бум во земјава.
Податоците од министерство за финансии покажуваат само должнички бум во земјава, односно целосно уништување на економијата и живот на кредити. Колку Македонија е во можност да продолжи со ова темпо и да понесе толкаво задолжување?
Податоците врз база на кои е изготвена оваа анализа на следен линк: