РУСИЈА ја обвинува Украина за напад на Донбас, убиен бил Русин

Европа

Украинските сили распоредија повеќе од 20 тенкови во близина на селото Подлесно, недалеку од линијата на контактната линија во Донбас, соопшти прес-службата на народната милиција на непостоечката Народна Република Луганск.

Руската пропаганда веќе започна со споделување на вести со конкретна правна содржина за наводно прекршување на мировните договори од страна на Украина.

„Непријателот (се мисли на Украина), прекршувајќи ја точката 3 од дополнителните мерки за обезбедување на примирјето, продолжува да распоредува оружје и воена опрема во населените места на територијата под контрола на Киев“, наведуваат од измислената Народна милиција.

На контактната линија се распоредени 22 тенкови Т-72. Терминологијата која се користи е целосно од воен карактер, со што е јасно дека е пишувано од страна на руската армија.

Потсетуваме, се вели во пропагандистичките соопштенија на руските банди, вооружените украински сили од правец на населбата Орехово, под контрола на Киев, вчера од снајпер пукаа кон населбата Голубовско, под контрола на Народноослободителната војска, при што убија еден припадник на Народна милиција.

Овој наводно убиениот војник за кратко ќе стане народен херој. За неговата наводна смрт денес напишаа сите светски проруски медиуми.

Украинските сили пукаа по 18 дена молк, изјави претставникот на ЛНР. Замислената Народна милиција на непостоечката Народна Република Донбас возврати на позициите на украинската армија.