
НАЈНОВО: ПУТИН „свитка опавчето“, зошто се повлекува од Украина?
Путин свитка опашката, се предомисли, нема да напаќал врз Украина, не сакал да се повтори Југославија, ќе ги решал работите по мирен пат. Голем миротворец е претседателот на Руската Федерација, но не кажа што го поколеба?
Во сферата на безбедноста Русија во иднина ќе постапувала според планот, во зависност од ситуацијата на која влијаат и други земји, изјави рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на прашањето за натамошното дејствување на Москва во актуелната ситуација околу Украина.
„Како Русија ќе продолжи да дејствува? Според планот. И како ќе се формира? Во согласност со реалната состојба на теренот. Кој може да одговори како ќе се развива ситуацијата? Тоа не зависи само од нас“, рече Путин на прес-конференцијата со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Во исто време, рускиот лидер не соопшти зошто невообичаено „омекна“ и зошто Русија ќе се обиде да постигне договор со партнерите за прашањата што ги покрена руската страна за да ги реши по дипломатски пат. Дали закани по безбедноста на Русија или закани по безбедноста на милијардите на Путин и другарчињата низ светските банки, особено оние во Лугано и во Монте Карло?
„Кои се прашањата? Тоа се добро познати прашања поврзани со обезбедувањето на безбедноста на Русија. Тоа е непроширување на НАТО, враќање на воената инфраструктура на блокот на ситуацијата од 1997 година и нераспоредување борбени ударни системи во близина на нашите граници“, прецизираше рускиот лидер.
Како што истакна, Москва е подготвена да разговара и за други прашања кои се содржани во одговорите на САД и НАТО, но само заедно со други теми кои се од примарно значење за Русија. Дали тие други прашања се замрзнатиот имот на Путин и руските олигарси од страна на САД и ЕУ, со останати земји партнери?
Да потсетиме, средбата меѓу Путин и Шолц траеше повеќе од три часа. По разговорите, Путин рече дека средбата била деловна. Секако дека е деловна, кога Путин е загрижен за своите украдени милијарди, како најбогат човек во свет, а не за Русија и сиромашниот руски народ.
Путин истакнува дека темите на разговор биле најактуелни: кризата во Украина, „Северен тек 2“, безбедносните гаранции кои ја предизвикаа хистеријата околу наводните планови на Русија за инвазија на Украина што трае со недели.
Вистинската тема на решение на украинската криза е мерките кои се преземаа лично кон Путин и неговото опкружување. За жал Русија е држава од која се прави извоз на милијарди украдени пари од народот, кои завршуваат на приватни сметки низ светот. Западните демократии прецизно водат евиденција за секој долар или евро пренесени на тие сметки. Во вакви случаи, кога Путин е соочен со некоја своја сметка и секоја сметка на неговите патриотски определени другари, резултатот е јасен. Русија посрамотена и се повлекува, а политичарите остануваат да продолжат да ја ограбуваат.