(Вознемирувачки) МАКЕДОНЦИТЕ полицајци започнаа буквално да се јадат

Хроника

В.Р., командир на полициската станица Пехчево, за малку ќе останел без прстот со кој во вербална расправија мавтал кон полицаецот Д.А. од селото Ратево, кој потоа силно го гризнал. Инцидентот се случил на 25 декември за време на новогодишна прослава на 35 полицајци од полициската станица во Пехчево, во ресторанот Бастион во село Владимирово.

По санирањето на повредата, ОВР Берово се обидело да го скрие инцидентот, за кој не била направена никаква официјална белешка. Битно Македонците буквално започнаа да се јадат помеѓу себе, до фаза на канибализам.

На 8 јануари, повредениот командир преку својот адвокат побарал внатрешната контрола на МВР да го испита случајот, по што, пред два дена, била поведена и кривична постапка пред Основниот суд во Берово. Освен тоа, командирот покренал и граѓанска тужба за надомест на штета.