
ШЕЌЕРИНСКА на чело на џаболебарите на народна сметка
Барање за продолжување да се лапаат народни пари за џабе до Собранието доставиле доскорешните вицепремиер за европски прашања Никола Димитров, министерка за образование Мила Царовска, и секако министерка за одбрана Радмила Шекеринска, која купува куќа од милиони евра во Дебар Мало во Скопје од српски офицер на КОС, но нема за леб па мора да продолжи да си полни џебот од народот.
Како што информира собраниската прес-служба, Комисијата за прашања на изборите и именувања веќе ги одобрила барањата на џаболебарите, а секако народот со задоволство ќе плаќа.
Според Законот за плата и други надоместоци на пратениците и другите избрани и именувани лица, функционерите на кои им престанал мандатот имаат рок од 30 дена да се вратат на старите работни места или да побараат апанажа, која им следува во зависност од тоа колку време биле на функцијата, но не подолго од една година.
Ако мандатот на функционерот траел до шест месеци, тој има право на апанажа од три месеци. За мандат од шест до 12 месеци следува апажа половина година. Надоместокот е во траење од девет месеци за мандат од 12 до 24 месеци, а за подолг мандат од две години следува апанажа од една година.
Со оглед на фактот што Шеќеринска е на грбот на македонскиот народ веќе 30 години, најдобро е да и дадат доживотна апанажа, па и бесплатен погреб со почесна стража.
За време на остварувањето на ова право екс функционерот нема право на други примања и надоместоци на трошоци, односно апанажата ќе биде прекината, ако во меѓувреме се вработи. Секако на Шеќеринска ќе и се прогледа низ прсти наплатата на кирии од илјадници евра на сопствена куќа или провизиите од „северот“, битно е да продолжи да ја храни сиромашниот народ како социјално загрозено лице.
Надоместокот да не се загрижите, е во висина на платата што ексфункционерот ја добивал додека бил на функцијата, што значи џаболебарите ќе земаат и понатаму иста плата како до сега. А вие обичните смртници продолжете да се расправате за ланскиот снег и почекајте социјална помош.