
Еве кои се четирите КРИТИЧНИ ДАТУМИ во 2022-ра година
Помрачувањето на Сонцето и Месечината секогаш имаат големо влијание, ако им веруваме на астролозите. Ова се нивните прогнози за најкритичните датуми во годината пред нас:
Помрачување на Сонцето : Овој период ќе нè потсети дека „не е злато сè што сјае.“ Тогаш е неопходно да пуштиме некои работи, наместо да ги контролираме, што може да биде по малку застрашувачки.
Ќе ни се укажат неочекувани прилики, а нашите најскриени желби ќе излезат на виделина.
Во овој период сите советуваат да се предадете на промените и брзо да се снаоѓате во тие нови околности.
Во 2022-ра година ќе има две помрачувања на Сонцето, и тоа на 30-ти април и на 25-ти октомври. Тие ќе влијаат и на начинот на кој располагаме со пар
Помрачување на Месечината: Помрачувањата на Месечината ќе бидат идеални датуми за да се посветиме на емоциите кои долго време ги игнорираме. Некои ситуации нагло ќе се променат и ако некои работи „не одат,“ не пробувајте со сила.
Дајте си простор и оставете место за вистинскиот момент, кога работите ќе одат полесно.
Во текот на 2022-ра ќе има две помрачувања на Месечината и тоа на 16-ти мај и на 8-ми ноември. Тогаш може да дојде и до игри на моќ, односно до откривање на скандалозни тајни кои ќе нарушат стабилни односи.