КОЛУМНА Ajpулaи: Сите винoвни само ДУИ нeвини

Колумни

На сите изборни циклуси во Македонија, било да се работи за парламентарни избори (кај нас стана практика да имаме постојано предвремени парламентарни избори), или локални избори, условно кажано кај албанскиот политички блок, редовно победува само ДУИ! Иако кај Албанците во Македонија сé повеќе расте револтот кон оваа партија. Иако сé погласни се критиките кон оваа партија. Иако ова партија веќе 20 години е на власт и за сите овие години не направила ништо за подобрување на животот на граѓаните. Напротив има нанесено многу штета. Сепак ДУИ на сите избори победува!

И предизборните анкети што се прават, кои секако наведуваат или насочуваат дел од граѓаните, секогаш ДУИ е со повисок рејтинг од другите албански партии. Се поставува прашањето како е ова можно? Во последните години имаме феномен, имено факт е дека ДУИ ја нема поддршката од етничките Албанци. Како што ја имаше во минатото и бројот на Албанците кои гласаат за ова партија постојано опаѓа. Тоа најдобро можеше да се види на изборите во 2016 година кога пратеничките мандати на ДУИ се сведоа само на 10 пратеници. Кога многу Албанци гласаа за македонската партија СДСМ со цел да ја казнат ДУИ за нејзините катастрофални политики.

Но, додека граѓаните не ја сакаат повеќе ова партија, за неа сложно гласаат двете поголеми македонски партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. И која и да е од овие две партии на власт, ДУИ е нивниот хармоничен и сакан коалиционен партнер. Испаѓа дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволат ДУИ да падне од власт. Бидејќи оваа партија е нивниот идеален партнер за корупција и криминал. Друг феномен што ни се случува е тоа што во оваа држава ќе најдеме обвинети и осудени функционери од сите политички партии, освен од ДУИ!

Само ДУИ се невини сите други виновни, и доколу се покрене некоја постапка за утврдување на вина или одговорност за некој функционер од ДУИ после одреден временски период постапката мистериозно ја снемува. Или пак се констатира и прекинува со образложение дека не може да се утврди вина или одговорност. Или злоупотреба односно функционерот од ДУИ е невин. И така ДУИ увек чисти као суза.

Да не заборавиме на крвавиот 27 април 2017 година министерот за внатрешни работи беше од ДУИ. И тој не само што не понесе никаква одговорност туку и ден денес е на функција. Скоро сите во оваа држава знаат колку всушност ДУИ се виновни. Но ете никој не може да го докаже тоа. А и како да докажат кога и во институциите каде треба да се докажува исто така има полно на позиции од “невините” функционери на ДУИ кои треба да одлучуваат за тоа! И така Македонија низ годините се претвори во земја на невиноста на ДУИ. Што и да направат ДУИ тие пак ќе си бидат “невини”. За жалење.

Лулјета Ајрулаи, м-р по социолошки науки