
ЛAЖНИOT патpијаpх од Cpбија cе заканyва доколкy бидe пpизнаена MПЦ OА
Пред да изусти фашистот бачки Иринеј (Буловиќ) дека е неопходно да продолжи дијалогот меѓу СПЦ и МПЦ за надминување на отвореното црковно прашање, се огласи лажниот патријарх од Србија со повторни закани кон Македонија и Македонците.
Во интервју за српскиот неделник „Печат“ објавено на сајтот на Бачката епархија, фашистот Иринеј, кој е духовен отец и еден од најблиските сoработници на српскиот лажен патријарх Порфириј, вели дека актуелната општа состојба во Северна Македонија и духовната потреба на верниците поттикнува и повикува на дијалог како единствено исправен начин за решавање на проблемот. Нивната намера е да го свртат вниманието на светата МПЦ ОА кон разговори со нив, а да се откажеме од признавањето од Цариград.
Секако во фокусот на вниманието им е расколникот и предавник Зоран Вранишковски со измислената црква демек ПОА, за кој не пропуштаат да побараат привилегии и да ги задоволат неговите егоистички потреби.
Повикот за возобновување на дијалогот меѓу српската и Македонската црква доаѓа по неодамнешниот прием на Епископот Антаниски и игумен на Бигорскиот манастир г. Партениј во придружба на монаси и монахињи кај Вселенскиот патријарх Вартоломеј, што од претставници на Фанар беше оценето како голем чекор на Вселенската патријаршија за решавање на црковното прашање и признавање на МПЦ-ОА.
Приемот на епископот Партениј кај вселенскиот патријарх Вартоломеј следуваше по посетата на Атина каде што присуствуваше на вечерна служба и на Божествена Литургија во црквата „Св. Пантелејмон“, најголемиот храм во грчката престолнина, како и на Меѓународниот фестивал на православна црковна музика, со благослов на архиепископот на Атина и на цела Грција г.г. Јероним.
Српската лажно православна црква, претходно преку викарот на лажниот патријарх Порфириј, демек епископ моравички Антониј, се закани дека е можен раскол со Вселенската патријаршија ако биде признаена автокефалноста на МПЦ-ОА.
СПЦ е во повеќедецениски спор со МПЦ-ОА, оспорувајќи ја нејзината афтокефалност. Разговорите што повремено се водат не доведоа до позитивен исход, поради што МПЦ-ОА за решавање на својот статус се обрати до Фанар и вселенскиот патријарх Вартоломеј.