СТРАШНО: Податоци за населението од евиденцијата на МПЦ ОА

Живот

Според извори од евиденцијата на МПЦ ОА, демографската состојба со населението во земјава станува алармантна. Станува збор за целата територија на државата, но највеќе во малите градови.

Според информациите, процентот на погреби во однос на овој на свадби и крштевки е за десет пати повисок. Буквално во некои градови за цела година имало по две до три крштевки или венчавки. За разлика од тоа, погребите се во огромен раст.

За време на последините две корона години, бројот на погребите на територија на Македонија пораснал за 60%. Населението масовно умира или се иселува. Нема веќе кој да формира ново семејство или да создаде пород. Белата чума ја коси Македонија.

Доколку не се преземат итни санациски мерки во оваа насока и не се спречи огромната смртност од короната во земјава, ризикуваме да исчезнат неколку градови, со можност за намалување за 1/3 од вкупното население во Македонија.