
ВОНРЕДНА состојба во четири општини!
Интензивните врнежи од снег и силен северозападен ветер вчера го зафатија поголемиот дел од Србија и затрупаа повеќе делови од земјата, поради што денес во земјата има проблеми со струјата, греењето, а вонредна состојба е прогласена во четири општини, јави дописникот на МИА од Белград.

Патарите ги чистат патиштата според приоритетите и наведуваат дека сите главни правци се проодни, соопштија од АМСС.

Влажниот и обилен снег без струја остави илјадници потрошувачи. Термоелектраната „Никола Тесла“ во Обреновац се уште е во застој со производство, а 2.200 трафостаници се без напон ширум Србија. Термоелектраната „Никола Тесла“ (ТЕНТ) во Обреновац исто така е во застој со производството на електрична енергија. Од Секторот за воредни состојби соопштија дека повеќе од 90.000 потрошувачи немаат струја, главно поради тежината на снегот, а најтешка е состојбата во Златиборскиот, Мачванскиот, Колубараскиот округ, каде има сериозни проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Поради ова прекината е настава во Обреновац.
Српската министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ во Обреновац изјави дека 30 отсто од вкупниот капацитет на електроенергетскиот систем во моментов е надвор од функција, но дека процентот ќе се намали во текот на денот и дека се очекува состојбата да се стабилизира во следните два дена.