MAKEДOНЦКО добpo утpo од аматepката сo шчo напpaифме

Добро утро

За македонцките работи 1903/2021 – “Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред”?

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Повеќе од еден век подоцна, за жал, ниту напраифме, ниту пак ќе напраиме. Успеавме сериозно да ги загрозиме постулатите на Мисирков за македонизмот.

Политиката од пред повеќе од еден век, на негација на македонскиот народ, јазик, црква, историја, сеуште е актуелна. До скоро мислевме дека делото на Мисирков припаѓа на историјата, сега неговите тези повторно добиваат актуелност и тоа на повеќе рамништа во македонското општество. Мисирков зборуваше за повеќе елементи, кои ја докажуваат издвоеноста или посебноста на еден народ. Тој зборуваше и за името, за кое вели дека е првата одредница на еден народ и дека мора да се избориме да го зачуваме.

За жал, денес не можеме да се пофалиме дека успеавме во таа борба. Мисирков зборува за Црквата, како еден од столбовите на посебноста на еден народ, а и тоа е прашање за кое сѐ уште се дискутира. Ниту посебноста на македонскиот јазик не се става надвор од дискусија, а Мисирков и него го истакнува како можеби најсилно обележје за еден народ. Ние сеуште дискутираме и за тоа. Ние дискутираме еден век!

Што народ ќе бевме?! Мисирков вели дека „за среќа, има македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи.“ Ама не очекувал дека еден ден некој ќе посегне и по историјата!

Мисирков облеан од надеж и оптимизам ниту во еден момент не изразил сомнеж во македонскиот нарот. Не помислил дека еден ден, ќе се роди таков Македонец што и неговото дело ќе го продаде на асимилаторската политика на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет. Ете, тоа напраифме!