
НОВА ВЛАДА може само по овој начин
После пропаста на иницијативата за недоверба на Владата на Заев, поради ретерирање на ставот на партијата Алтернатива на Гаши, станува се појасно дека нова Влада може да има само по еден начин.
Тоа е коалиција помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Останатите партии со албанско мнозинско членство не се подготвени за преземање на одговорноста да управуваат со Македонија или се подизведувачи на ДУИ.
За таа цел веќе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва се сретнал со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Од ВМРО-ДПМНЕ за „Фокус“ потврдуваат дека се одржала средба на барање на Ахмети.
Она што е вистина, е дека на барање на Ахмети во Собранието се одржа средба со Мицкоски. Тема на разговорот беше прашањето за гласање на доверба на Владата на СДСМ – ДУИ, за што до Собранието се поднесени 61 потпис, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таа партија ги демантираат информациите кои во јавноста ги пласираше ДУИ, дека на средбата се разговарало за тоа дали Мицкоски го прифаќа Преспанскиот договор и која е неговата визија за проблемот со Бугарија.
Сепак единствен начин Заев да се пензионира во овој момент е да се формира Влада на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Колку е тоа прифатливо за граѓаните, треба сами да одлучат.