Заев се појави на прослава на Албанската амбасада во Скопје (ВИДЕО)

Македонија, Политика

Поранешниот премиер, Зоран Заев, вечерва присуствуваше на прослава по повод Денот на албанското знаме (28 ноември), која во Скопје ја организираше Амбасадата на Албанија во земјава.

На снимката која ја објави порталот „Тетово денес“ (tetovasot.com), се гледа масата на која се пратеници и претставници на СДСМ, меѓу кои партискиот лидер Венко Филипче, како и Фатмир Битиќи и Оливер Спасовски, меѓу другите. Со нив е и Заев, кој се поздравува со другите гости политичари.

На соседната маса се претставниците на владејачката партија на македонските Албанци, меѓу кои и поранешниот и сегашниот прв вицепремиер, Изет Меџити и Беким Сали.