Тоневски: Се обновува ракометното игралиште во центарот на Пробиштип

Македонија

Во тек е реконструкцијата на ракометното игралиште во центарот на Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Со проектот е предвидено поставување нова спортска подлога, поставување седишта на трибините и подобрување на осветлувањето, со цел да се обезбедат подобри услови за спорт и рекреација.

Истиот проект опфаќа и набавка на резервен котел за СОУ „Наум Наумовски – Борче“, кој треба да обезбеди непречено функционирање на системот за греење во училиштето.

Вкупната вредност на проектот изнесува околу 4.679.000 денари, а го спроведува Центарот за развој на Источниот плански регион. Најголемиот дел од средствата се обезбедени преку Бирото за регионален развој, а остатокот се финансира од буџетот на Општина Пробиштип.