Полицијата го пресретнала пред телевизијата: Утрово е уапсен Драган Вучиќевиќ
Сопственикот и главен уредник на српскиот медиум „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, утрово е уапсен во Белград. Според информациите што ги објави „Информер“, Вучиќевиќ бил пресретнат од полициски службеници во непосредна близина на зградата на телевизијата, по што бил одведен во полициската станица во Вождовац.
Дел од српските медиуми пренесуваат дека тој е осомничен за предизвикување паника и нереди во продолжено траење, како и за попречување на правдата.
По повод апсењето се огласи и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на почетокот на седницата на српското Собрание изјави дека Вучиќевиќ бил уапсен поради неговата новинарска работа.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
