Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Македонија

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во рамките на првиот повик и досега не ја искористиле оваа можност за финансиска поддршка.

Право на еднократна парична помош имаат физички лица со живеалиште на територијата на Општина Прилеп, чии деца за првпат се запишани во прво одделение во основно училиште на подрачјето на општината.

Дополнителен услов е родителите, односно барателите, претходно да не оствариле право на еднократна парична помош за првачиња за учебната 2026/2027 година.

 

Со објавувањето на вториот повик, Општина Прилеп им овозможува на семејствата кои не конкурирале во првиот рок дополнителна можност да ја добијат предвидената финансиска поддршка.

Од локалната самоуправа ги повикуваат заинтересираните родители да се информираат за условите и постапката за аплицирање преку официјалното соопштение на Општина Прилеп.

Според официјалниот јавен повик, финансиската помош изнесува 3.000 денари по дете, а барањата се поднесуваат од 17 до 23 ноември 2026 година.

Потребната документација се доставува преку Архивата на Општина Прилеп, на улица „Прилепски бранители“ бр. 1. Родителите треба да приложат пополнето барање, копија од документ за идентификација, трансакциска сметка, извод од матичната книга на родените на детето и оригинална потврда од училиштето за запишување во прво одделение.

Нецелосните и ненавремено поднесените барања нема да бидат разгледувани. Општина Прилеп

https://www.facebook.com/share/1GNnC83UhF/?mibextid=wwXIfr