ГОРИВАТА ПОЕВТИНУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА ОД УТРЕ: ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИН ЗА 2,50, БЕНЗИНИТЕ ЗА 2 ДЕНАРА!

Дали Знаете, ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ, Македонија

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на максималните малопродажни цени на сите нафтени деривати, со почеток од 17 ноември 2026 година, во 00:01 часот.

Новите цени ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 84 денари (намалување за 2 денари)
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 86 денари (намалување за 2 денари)
  • ЕУРОДИЗЕЛ – 92 денари (намалување за 2,50 денари)
  • Екстра лесно масло – 100,50 денари (намалување за 3 денари)
  • Мазут – 48,314 денари за килограм (намалување за 0,998 денари)

Со оваа промена, за резервоар од 50 литри бензин БС-95 ќе се заштедат 100 денари, а за 50 литри дизел 125 денари.

Намалувањето е резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Станува збор за максимални дозволени цени, што значи дека трговците можат да ги продаваат горивата и пониско.