Трамп прогласи победа на САД во војната со Иран: Само е прашање кога ќе ја завршиме (ВИДЕО)
Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи победа на САД во војната со Иран, која трае повеќе од осум месеци, но порача дека конфликтот нема да заврши сè додека Вашингтон не ги оствари сите свои цели.
Говорејќи на одбележувањето на Денот на ветераните на Националните гробишта Арлингтон во Вирџинија, Трамп изјави дека американските сили возвратиле силно и победиле.
„Само е прашање кога сакаме да ја завршиме војната. Сакаме целосна победа, а не победа од 93 проценти“, рече тој.
Трамп рече дека на Иран ќе му бидат потребни 25 години за да го обнови она што го уништиле американските сили. Тој повторно најави дека конфликтот наскоро ќе заврши и спомена дека во него загинале 18 американски војници.
И покрај изјавите за победа, американската поморска блокада на Иран и военото присуство на САД во регионот продолжуваат. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, пак, порача дека војната не може да заврши само со воена сила и санкции.
Конфликтот започна на 28 февруари со американски и израелски напади врз Иран.
Trump on Iran War:
We won. We want to make sure we have a total victory, not a 93% victory. https://t.co/d4DTeWZZls
— Clash Report (@clashreport) November 11, 2026
